ЕВРОПСКОТО КРИВИЧНО ПРАВО И ЗАЕМНАТА ДОВЕРБА ВО КРИЗА: СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ
Abstract
Неодамнешниот случај со Карлес Пуџдемон потврдува дека Европското кривично
право, особено системот на Европскиот налог за апсење (ЕНА), е во криза на доверба. Трудот ги
разработува фактите на случајот, како и одлучувањето на Германскиот висок регионален суд на
Шлезвиг-Холштајн кој го одби ЕНА издаден од властите на Шпанија за кривичното дело бунт
поради недостаток на двоен криминалитет. Трудот, исто така, сугерира дека кризата е создадена
со одбивањето на можноста прашањето да се упати до Судот на правдата на Европската Унија
(СПЕУ) во постапка по претходно одлучување со цел дополнително да се утврди Правото на ЕУ
по критериумите за двоен криминалитет. Тоа доведе до намалување на довербата меѓу државитечленки, бидејќи шпанското судство било ставено на страна, а системот на ЕНА доведен во
прашање. Заклучокот укажува на потребата од зајакнување на заемната доверба меѓу државитечленки, како и поголема вклученост на СПЕУ и евентуално решавање на случајот од страна на
Европскиот суд за човекови права.