ЕВРОПСКИ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: ПОТРЕБА ИЛИ НУЖНОСТ

  • Ивица Јосифовиќ

Abstract

Трудот презентира сеопфатна интерпретација на проблемот кој е широко дискутиран во поглед на воспоставувањето на Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител. Истражувањето е поделено во два дела. Прво, се дава осврт и одговор на неколку претходни прашања кои ја отвораат можноста за воспоставување на Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител. Второ, трудот го истражува Договорот од Лисабон и членовите 85 и 86, како и некои од прашањата кои треба да бидат решени, не само од практична перспектива, туку и со цел да се постигне согласност меѓу државите-членки.
Имајќи во предвид дека согласно овие членови до ден денес не е создадена оваа функција, во заклучот се дадени одредени препораки и насоки околу тоа како треба да изгледа Европскиот јавен обвинител, а тоа е преку создавење на независен ентитет кој има потреба од соработка со Европравда.
Клучни зборови: Кривично право, Европска унија, Договор од Лисабон, Европравда.

Published
2023-08-17

Most read articles by the same author(s)