НЕЧЕСНАТА ТРГОВСКА ПРАКТИКА ВО СИНЏИРИТЕ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ХРАНА

  • Александар Матески
  • Емилија Ѓорѓиоска

Abstract

Доброто функционирање на снабдувачките синџири, овозможува да се искористи
на најдобар начин економскиот потенцијал без тоа да биде на штета на било кој учесник, алка
во снабдувачкиот синџир. Економската нерамнотежа и значително различната преговарачка сила
станаа секојдневие. Злоупотребата на таквата положба доведува до нечесна трговска практика,
која може особено негативно да влијае на малите и средните претпријатија учесници во синџирот
на снабдување со храна. Со цел намалување или спречување на такви трговски практики кои
имаат негативна последица врз малите и средните претпријатија, Европската Унија пристапи
кон регулирање на минимални стандарди за спречување на овие трговски практики mala fide.
За таа цел Европската Унија ја донесе Директивата 2019/633 за нечесната трговска практика во
односите помеѓу друштвата во синџирот за снабдување со земјоделски и прехранбени производи.
Во трудот ќе биде извршена анализа на некои од позначајните одредбите од оваа Директива. Како
држава од регионот која има добра пракса во оваа област понатаму ќе бидат анализирани дел
од најзначајните одредби и практични примери од примената на хрватскиот Закон за забрана
на нечесна трговска практика во синџирите за снабдување со храна. Ќе биде извршена кратка
анализа на законоската рамка за спречување на нечесна трговска практика во Република Северна
Македонија. Од истражувањето ќе се утврди дали и што треба да биде прeземено од страна на
законодавецот на Република Северна Македонија како би се спречиле или превенирале нечесните
трговски практики во синџирите за снабдување со храна.

Published
2023-02-07