ВОНРЕДНИ ПРАВНИ ЛЕКОВИ ВО ШПАНСКОТО ГРАЃАНСКО ПРОЦЕСНО ПРАВО
Abstract
Системот на вонредните правни лекови на шпанското граѓанско процесно право
е еден од најинтересните на микро компаративно ниво. Ова затоа што шпанскиот законодавец
системот на вонредните правни лекови на граѓанската постапка нема да го креира исклучиво
согласно француската традиција, туку и согласно својата визија за воедначување на процесните
закони. Токму поради ова низ својата двовековна еволуција системот на вонредните правни
лекови на шпанското граѓанско процесно право ќе покаже извесни особености, особености кои
се туѓи за системот на вонредните правни лекови кој го воведе германско-австриската процесна
доктрина.
Во моментов системот на вонредните правни лекови во шпанското граѓанско процесно право
е доста едноставен и составен само од два правни лекови ревизија на конечна одлука и вонреден
правен лек поради процесни повреди.