ДОКТРИНАТА ЗА ПРАВОСИЛНОСТ НА СУДСКИТЕ ОДЛУКИ ВО АНГЛО-АМЕРИКАНСКИОТ ПРАВЕН СИСТЕМ КАКО ПОСЕБЕН КОНЦЕПТ НА ПРЕКЛУЗИЈА
Abstract
Правосилноста на судските одлуки во англо-американскиот систем (common law системот) е предмет на проучување на правото на докажување (law of evidence) и тесно е поврзана со потребите на судската практика. Причината за постоење на овој институт е потребата да се спречат субјектите спрема кои дејствува одредена конечнаодлука подоцна во иден спор, да тврдат нешто спротивно на она што со претходна судска одлука изречно е декларирано или да се спречи можноста тужителот кој победил во конкретна парница одново да бара иста правна заштита спрема исто тужено лице. Доктрината за правосилност на судските одлуки во common law системот се создаде како посебен сегмент во концептот за преклузиите. Преклузијата за правосилност на судските одлуки во common law системот се дели на две форми (концепти) на преклузија кои меѓусебно се поврзани и тоа: 1) claim preclusion и 2) issue preclusion (collateral estoppel). Сlaim preclusion спречува повторно да има парница (судење) за настан за кој е одлучено од судот со конечна одлука. За разлика од claim preclusion, issue preclusion (collateral estoppel) спречуваповторна парница (судење) за право или факт за кој веќе одлучил судија како дел од претходен случај.
Клучни зборови: res judicata, преклузија, англо-американски правен систем, субјективни граници, објективни граници