ТЕОРИЈА ЗА ПРАВНАТА ПРИРОДА НА ПРАВОТО НА ПРАВНАТА ЗАШТИТА ВО ГРАЃАНСКАТА ПОСТАПКА КАКО ПОТЕСТАТИВНО ПРАВО

  • Дијана Ѓорѓиева
  • Дијана Ѓорѓиева
  • Зорица Стоилева

Abstract

Граѓанското процесно право се издвои во самостојна научна дисциплина, затоа
што правото на правната заштита во граѓанската постапка доби посебно место и функција во
системот на правото. За ова една од најзаслужните е теоријата на Giuseppe Chiovenda за правото
на правната заштита како потестативно право. Ова затоа што оваа теорија, дефинитивно правото
на правната заштита ќе го оддели од граѓанското субјективно право, но и ќе докаже и покаже
дека со правото на правната заштита се штитат не само приватните интереси на тужителот, туку
и јавните интереси на државата.

Published
2023-02-07