ПРИМЕНА НА СТРАТЕГИЈАТА НА TQM (TOTAL QUALITY MANAGEMENT) ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА УСЛУГИТЕ ВО ТУРИЗМОТ

Authors

  • Elizabeta Mitreva
  • Oliver Filiposki

Abstract

Новите светски трендови наметнуваат нов начин на размислување, работење и вклопување во новите текови на пазарната економија, со ориентација кон купувачот/ корисникот на услугата.Иако кај нас постојано се зборува за европски концепт на квалитетот на услугата, се нема сили тој вистински да се прифати и втемели во сите пори на туристичките компании. Македонските менаџери кои се борат со драматичниот пораст на сложените, технолошко, организациски и социјални проблеми, тешко можат да ги сфатат модерните трендови во развојот на менаџмент системот во услужната дејност темелен на концептот на тотален менаџмент со квалитет (Total Quality Management). Во време на голема конкуренција и присуство на многу ентитети на пазарот, мора да се зголеми акцентот на квалитетот на целокупното работење во туристичките и хотелските компании. На пазарот мора да се излезе со квалитетен производ/ услуга, со прифатлива цена и во договорениот рок. Потребата од прифаќање нова стратегија во проектирањето на менаџмент систем во македонските туристичките компании, темелена на TQM филозофијата, бара многу помалку пари и време, а може да има исти или поголеми ефекти од големите инвестиции во опрема.

Downloads

Published

2015-04-24