Состојби и перспективи во туризмот, економијата и бизнис логистиката во Република Македонија
Abstract
Важна дејност која значително партиципира во економскиот развој на Република Македонија е туризмот. Туризмот на различни начини влијае на социјалниот, културниот и економскиот живот во нашата држава. Туризмот претставува дејност која во Р. Македонија се практикува повеќе децении и истиот остварува видливи економски резултати. Туризмот претставува услужна динамична економска категорија подложна на промени. Туризмот како економски бизнис не е возможен ако логистички не е поткрепен и обезбедуван.
Published
2016-12-22
Section
Economy and business logistics