Основни поставки на менаџментот на синџир на снабдување и бизнис логистиката
Abstract
Логистиката е едно од клучните прашања врзани за менаџментот на компаниите, што претставува сериозен предизвик за сите менаџери кои конкурентност, управуваат со напредни и сложени логистички процеси. Ова истражување се развива во три димензии на праксата на менаџментот на синџирот на снабдување: менаџмент на односите со добавувачите, менаџмент на процесот на производство и развој на производите и комерцијализација. Притоа се проучуваат односите помеѓу овие SCM практики, конкурентската предност и меѓународното позиционирање на компаниите. Менаџмент на логистичките процеси е стратешко управување на набавката, движењето и чувањето на материјали, делови и готов инвентар (и информации во врска со тековите) низ организацијата и маркетинг каналите на таков начин што сегашната и идна профитабилност се максимизирани преку ефективно извршување на нарачките.