Логистичкиот менаџмент во функција на туристичките дестинации
Abstract
Туристичките дестинации се места во кои туристите ги исполнуваат своите желби. За желбите и замислите на туристите да станат реалност мора сите фактори да бидат распределени правилно, да функционираат беспрекорно и да не го нарушат текот на престојот. Туристичката дестинација за туристот е просторно и временски определена, но таа, за да ја задржи својата постојаност, оптималност, ефективност и ефикасност ќе мора да го применува логистичкиот менаџмент. Делувањето на логистичкиот менаџмент врз туристичката дестинација може да се набљудува од аспект на општествената средина (локалните, регионалните и националните власти) и од аспект на туристичката понуда (туристичките и угостителските субјекти).
Published
2016-12-22
Section
Economy and business logistics