Примена на TQM (Total Quality Management) систем во компании
Abstract
Денес, во услови на силна конкуренција, она што е ѝ е потребно на една компанија е добро изграден менаџмент на квалитет. Тоталниот менаџмент на квалитет го разработува прашањето врзано со квалитет, подразбира културно и организациско дефинирање на една компанија, како и непрекинато усовршување на работниот процес. Голем број компании ширум светот ја применуваат TQM (Total Quality Management) стратегија за развој на своите цели. Доколку се свртиме кон Македонските компании, забележуваме проблем во унапредување на деловниот процес. Од друга страна, се забележува тренд на примена на TQM систем во јавниот и приватниот сектор, но нивниот број сѐ уште нема значителни зголемувања. Овој труд е насочен кон едно мошне важно гледиште на имплементација на TQM системот во компаниите. Акцентот е ставен на предности кои ги поседуваат компаниите откако започнале со примена на TQM стратегија, па сѐ до ден денес. Истражувањето е направено во согласност со современ метод на научноистражувачка работа. Анализирани се неколку компании од приватен сектор во Р. Македонија преку анонимни анкетни прашалници. Истражувањето е реализирано врз основа на компании од различни дејности.