Транспортни системи

  • Monika Stankovska

Abstract

Транспортниот систем на една земја ги опфаќа сите облици на транспортот кои се поврзани со економски, технолошки, технички и нормативни врски. Секој облик на транспортот има своја област на ефективно искористување.  рационализација. Почетната точка за планирање на транспортни системи мора да бидат пазарните  барања од кои произлегува стоката за превоз. Врз основа на видот на стоката за превоз, се утврдуваат помошните транспортни средства. Основна претпоставка за севкупен просперитет на една држава е воспоставување и развој на одржлив транспортен систем. Разбирањето  на транспортните системи во однос на нивната технолошка и економска комплексност, како и нивното важно влијание врз општеството, претставува голема и фасцинантна област на проучување. Основната мисија на овој научен труд е насочена кон стекнување сознанија за можностите од примена на транспортните системи  и  нивното  влијание врз рационализацијата  и  подобрување   на ефикасноста на транспортот како гранка.

Published
2016-12-27