Состојби и можности за развој на малиот бизнис во општина Гевгелија
Abstract
Значењето и важноста на малите претпријатија во глобални димензии се зголемува бидејќи претпријатија, создаваат нови работни места. Предмет на трудот претставува идентификувањето на состојбата од аспект на застапеноста на малите претпријатија и можностите за развој на малиот бизнис на подрачјето на општина Гевгелија. Во трудот ќе биде даден приказ на деловните претпријатија во општина Гевгелија по број, видови и дејности преку што ќе биде прикажана состојбата на застапеноста на малите претпријатија во вкупниот број претпријатија. Во заклучокот од трудот ќе бидат дадени насоки и препораки кои ќе претставуваат водич во идентификувањето на можностите за развој на малите претпријатија во општина Гевгелија.
Published
2016-12-27
Section
Economy and business logistics