Претприемачка иницијатива за зголемување на туристичката понуда во општина Гевгелија

  • Marija Magdinceva Sopova
  • Ljupka Atanasova
  • Vera Mitrovska

Abstract

Согледувајќи ги можните потенцијали, расположливи туристички капацитети и самата местоположбата, се констатира дека општина Гевгелија претставува добра основа за развој на туризмот и прераснување во профитабилна деловна дејност со богата туристичка понуда. Во овој труд ќе направиме анализа на веќе постоечките туристички капацитети  и истражување на потенцијалните места за прераснување во конкурентен и профитабилен туристички бизнис, преку поврзување  на постоечката туристичка  понуда  и новите содржини. За да се постигне тоа, потребно е да има планиран развој, континуирана обука на сопствениците на капацитетите и обезбедување на поддршка за развојот на туризмот во општината преку партиципација на надлежните институции и општинските капацитети.

Published
2016-12-27