Услови и перспективи за развој на туризмот во градовите Штип и Кочани и нивната околина

  • Zlatko Jakovlev
  • Cane Koteski
  • Darko Spritov

Abstract

Туризмот во Источниот регион на Република Македонија е многу развиен, но некои од туристичките места не се доволно опфатени и не се доволно промовирани за развој на туризмот. За добро развиено туристичко место во Источниот регион можеме да кажеме дека е градот Берово и околината со сите негови атракции. Во нашиот труд, ние ќе ги опфатиме перспективите и условите за развој на Источниот регион во градовите Штип, Кочани и нивната околина и ќе се обидеме да ги презентираме туристичките атракции кои ги нудат овие прекрасни места кои имаат потенцијал за развој на туризмот. Анимацијата е една од најважните сегменти за развој на туризмот. Анимацијата е сплет на спортски, рекреативни, културни, забавни и излетнички содржини и активности, кои посетителите ги мотивираат активно и динамично да партиципираат во нив за време на туристичкиот престој.

Published
2016-12-27