ТУРИСТИЧКА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА МАНАСТИРСКИТЕ КОМПЛЕКСИ ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН
Abstract
Верскиот туризам преставува една од најстарите форми на патување низ историјата, во регионални и светски рамки. Истриски гледано, верскиот туризам има долга традиција кај нас со манастриски комплекси кои изобилувале со големи конаци, манастирски живот и верски училишта во чии закрила низ историјата се засолнувале голем број посетители и намерници. Денес постојат 270 манастири од кои 150 се сочувани и се од локален карактер и останатите 120 кои се во лоша состојба. Цел на овој труд е вреднување на потенцијалите за верски туризам во Пелагонискиот регион на Р. Македонија преку валоризација на единаесет значајни манастирски комплекси.
Published
2016-05-28
Section
Tourism and hospitality