БИОДИВЕРЗИТЕТОТ КАКО РЕСУРС ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ, ПРЕКУ ПРИМЕРОТ ЗА НАЦИОНАЛЕН ПАРК „СТАРА ПЛАНИНА“
Abstract
На Стара Планина, селските заедници со
векови ја експлоатираат биолошката разновидност за
својата исхрана, облека и домување, а целата мрежа
на животот која е остварена преку оваа интеракција
станала интересна и за новите гранки на руралната
економија. Туризмот е една од нив. Самиот факт дека
на Стара Планина растат 40 растителни видови, кои
се сметаат за природни реткости на територијата на
цела Србија и се ставени под заштита, за туризмот
тоа е доволен аргумент целата територија да стане
интересна туристичка дестинација. Во оваа обаст
живеат повеќе од 30 видови цицачи, дивеч, исто така
познати се автохтоните раси на свињи, овци, кози и
говеда кои даваат квалитетни суровини за подготовка
на традиционална храна и богата гастрономска
понуда. Целта на овој труд е да се нагласат
различните аспекти за биолошка разновидност на
Стара Планина, кои можат да придонесат за развој на
туризмот. Исто така, и нивното значање и
перспективите за развој на туризмот да се стават во
контекст на потребите за одржлив рурален развој, кој
ќе го поддржи и економски би го валоризирал
зачувувањето на биодиверзитетот.