ПОТЕНЦИЈАЛНИ ИЗВОРИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ТУРИЗМОТ ВО ДОЈРАНСКИОТ РЕГИОН
Abstract
Финансирањето на развојот на туризмот во Дојранскиот регион може да произлезе од различни извори. Имено, на креаторите и носителите на развојната политика на регионот им стојат на располагање голем број на извори од јавен и приватен каркатер кои можат да се искористат во туристичкиот развој.
Дојранскиот регион покрај останатите потенцијали, располага со исклучителни фактори за развој на туризмот. Општина Дојран како туристички лидер во регионот, расположливите извори за финансирање на развојот во голема мерка ги насочиува во туризмот, кој како пропулзивен сектор на економијата може да биде носечки столб на интегрираниот локален развој.Оттука, за општината и идниот туристички развој неопходно е реалното идентификување на сите можни сопствени и туѓи извори на средства за директно или индиректно финансирање туристичкиот развој, но и умешност во нивното изнаоѓање и ставње во функција на туризмот.