ПОДОБРУВАЊЕТО НА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО РЕГИОНОТ НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ПОИНТЕНЗИВЕН ТУРИСТИЧКИ РАЗВОЈ

Authors

  • Riste Temjanovski

Abstract

Туризмот е активност кој на различни начини влијае на социјалниот, културниот и економскиот живот во нашето општество. Тој се поврзува со широк ранг на дејности, како што се вработувањето, регионалниот развој, образованието, животната средина, физичкиот и ментален развој на човекот, новите технолошки достигнувања, културата и сл. Затоа туризмот претставува дејност кој е во интеракција со други активности како што се транспортот, животната средина, регионалното планирање, енергијата, трговијата и бизнисот, информатичката технологија. Туризмот е важна стопанска гранка во ЕУ, со речиси 6% од вработеноста и опфаќајќи најмалку 5.5% од БДП во Унијата. Европската Унија се вбројува во водечките позици на светскиот туризам, како главвно одредиште и главна дестинација на меѓународните туристички текови.

Главна цел во овој труд е приказна транспортната туристичкапогодност на Дојранскиот туристички регион, собено анализа за подобра сообраќајна поврзаност со овој регион. Директните ефекти од инвестирањето во транспортната инфраструктура ќе ги подобрат условите за патување. Целта на инвестирањето во транспортната инфраструктура е подобрување на пристапноста во дадениот регион со намалување на времето за патување или зголемување на потенцијалите за патување. Пристапноста ќе придонесе за квантифицирање на економските и социјалните активности, кои ќе се постигнат користејќи го подобрениот транспортен систем.

Downloads

Published

2015-04-22