ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА АНТРОПОЛОШКИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ДОЈРАНСКИОТ РЕГИОН КАКО МОЖНОСТ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ
Abstract
Туризмот е релевантен во многу теоретски и практични прашања во антропологијата. Антропологијата и туризмологијата имаат многу заеднички допирни точки, а некаде меѓусебно се испреплетуваат и доплонуваат. И двете науки се посветуваат во објаснувањето и презентацијатана културните вредности во оштеството.
Користејќи туризмолошки пристап, антрополозите поставиле многу прашања, како што се: Кое е интер-културното значење на работа и слободното време?; Кои се врските помеѓу играта, ритуалот и хаџилукот?; Кои се динамиките и влијанијата на интер-културните контакти помеќу туристите и локалното население?; Како се претставува културата за туристички потреби и како таа се перцепира?; Како се менуваат или импровизираат културните традиции низ времето за да им одговараат на очекувањата на туристите, или како да ги одделиме вистинскиѕте од наметнатите традиции?; Како и зашто се конструираат етничките стереотипи и туристички се манипулира?; Како домородните општества се менуваат откако тие се интегрирале во туристичкиот пазар?; Зашто локалното учество е релеватно за успесите во туризмот? итн. Во барањето на одговорите на ваквите и слични прашања, многу антрополози го поставија туризмот на главниот фокус на нивната интерпретација и анализа (Stronza A., 2001: 261, 262).