ОСВРТ НА ПРОЕКТОТ “СПАС НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО”
Abstract
Фокусот на овој труд е насочен кон активностите преземени со цел превенирање на еколошка катастрофа која се закануваше на Дојранското Езеро. После 1985 година, како резултат на неконтролираното испуштање вода, подолготрајните суши и преголемото испарување, количеството вода во Дојранското Езеро се намалуваше. Соочена со еколошки проблем од поголеми размери, Владата на Република Македонија покрена иницијатива “Спас на Дојранското Езеро”.
Цел на истражувањето е да го презентира начинот кој се презеде за доведување дополнителни количини вода, преку хидросистем чија изградбазапочна во 2001 година, а првите количини вода се испумпаа во 2003 година. Токму затоа, разгледуваниот период е 2001 – 2005. Од таа причина, предмет на истражување беа податоците за нивото на водата во Дојранското Езеро пред започнување со работа на хидросистемот, и после.
Врз основа на спроведената анализа на податоците за движењето на нивото на водата во Дојранското Езеро за периодот 2001 – 2005, може да се констатира дека состојбата со количеството вода е подобрена. Сепак, не може со сигурност да се заклучи дека испумпувањето на дополнителна количина вода во Дојранското Езеро е единствената причина за покачување на нивото на водата. Секако дека кон подобрување на состојбата придонесоа и пообилните врнежи.
Downloads
Published
Issue
Section
License
The intellectual property and copyright of the original content in all scientific contributions within the published paper shall remain with the authors. The authors grant ISCTBL permission to publish the paper. All authors agree to publish the paper under the Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0 International License (CC BY-NC-ND 4.0).