ПЛАЖИТЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПРОМЕТ ВО ОПШТИНА ДОЈРАН

Authors

  • Nako Taskov
  • Tanja Angelkova
  • tatjana dzaleva

Abstract

Владата на Република Македонија го идентификуваше туризмот како приоритетен сектор за развој.

Секоја развојна стратегија за туризмот има за цел да ја обезбеди рамката и неопходната доверба на постојните актери, странските и домашните инвеститори, како и на меѓународните донаторски агенции, да се посветат на туризмот во Република Македонија.

Со враќањето на плажите и осовременување и уредување на истите и нови, Дојран повторно ќе го освојува својот туристички дух и препознатлив шарм на Дојранското Езеро и ќе ја продолжи и понапреди својата урбана традиција. По пример на многу европски метрополи Дојран може во потполност да влезе во туристичката понуда со своите плажи.

Следствено туристичката понуда на Дојран може успешно и реално да биде високо валоризирана.

Downloads

Published

2015-04-22