УЛОГАТА НА МАЛИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ ВО ДОЈРАНСКИОТ РЕГИОН

Authors

  • Marija Magdinceva Sopova

Abstract

Подрачјето на малите и средни претпријатија а посебно подрачјето на т.н.мал сектор е предмет на постојано изучување и истражување. Секторот на мали претпријатија во светски рамки има значајна улога во развојот на секоја национална економија. Малите претпријатија претставуваат важен сегмент во вкупната економска активност. Тоа е оној сегмент кој постојано ги менува работите, ги движи и развива. Појавата и развојот на малите претпријатија во изминатите дваесетина години е тесно поврзана со изразените економско-развојни димензии и демократските општествени процеси. Малите претпријатија, претприемништвото и претприемачите се основа на современото пазарно стопанство. Развиените пазарни односи, промените во начинот на економско размислување, преземањето на иницијатива и развојот на претприемништвото придонесуваат за промена на односите во националната економија и локалната заедница. Малите претпријатија стануваат клучен фактор од аспект на создавањето на поголеми можности за сопствениците на истите и подобрување на состојбата во локалната, регионалната заедница и пошироко. Тие се носители на економскиот развој и се поврзуваат со претприемништвото и претприемничката иницијатива.

Downloads

Published

24.04.2015

How to Cite

Magdinceva Sopova, M. (2015). УЛОГАТА НА МАЛИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ ВО ДОЈРАНСКИОТ РЕГИОН. Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century, 1(1), pp. 147-154. https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/984