ГАСТРОНОМСКАТА ПОНУДА КАКО ФАКТОР ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ДОЈРАН

Authors

  • Dusica Saneva
  • Snezana Bardarova
  • Goran Antonievski

Abstract

Храната претставува секојдневна потреба на секое живо суштество и е од витално значење за развојот на туризмот, а особено е важен фактор за равој на туризмот во Дојран. Специфичните начини на подготовка на храната иако не се основниот предуслов за развој на туризмот во Дојран, сепак се од битно значење и претставуваат еден од условите за привлекување на туристи во Дојран. Врз основа на специфичните начини на подготовка на храна и врз основа на гастроноската понуда се развиваат одредени форми на туризам како рурален, еколошки така се развива и гастрономскиот туризам. Гастрономскиот туризам во општина како што е Дојран, може да претставува и втор по значење услов за развој на туризмот, после лековитоста на езерските алги. Врз основа на гастрономската понуда на Дојран која се состои од автентични и традиционални подготовки на храна може да се влијае врз порастот на посетеноста на Дојран, бидејќи туристот секогаш се враќа онаму каде што имал добар оброк. Затоа општина Дојран заедно со туристичките објекти (ресторани и хотели) мора да понудат добра гастрономска понуда со која ќе се привлечат туристите и ќе се промовира Дојран.

Downloads

Published

2015-04-24