БИЗНИС ЕТИКАТА ВО ФУНКЦИЈА НА ДОЛГОРОЧЕН РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ДОЈРАН
Abstract
Иако туризмот во Дојранскиот регион сè уште не е целосно развиен, сепак има огромни потенцијали за развој и истиот претставува најважна стопанска гранка за овој регион. Имено, туризмот заедно со хотелите и Езерото се основа за опстанок и развој на регионот. Еден од факторите кои влијаат врз развојот на туризмот е преферирањето на етичките принципи и усвојувањето на етички пристап кон проблемите кои се јавуваат во туристичкото работење. Иако на краток рок, градењето на силна етичка корпоративна култура може да влијае врз зголемување на трошоците од работењето, сепак создавањето на силна етичка култура претставува еден од основните предуслови за обезбедување на долгорочен опстанок и развој на туристичката индустрија.
Downloads
Published
2015-04-24
Issue
Section
Articles