ИПА ФОНДОВИ: МОЖНОСТИ И ПЕРСПЕКТИВИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ДОЈРАНСКИОТ РЕГИОН
Abstract
Туризмот е стопанска гранка која го опфаќа привременото патување на луѓето од едно до друго место заради задоволување на културни, рекреативни, здравствени и други потреби.
Дојран, како една од нашите најпознати туристички дестинации, е цел на многубројни проекти кои се финансирани преку инструментот за претпристапна помош (ИПА).
Во Општина Дојран, во моментот, се имплементираат два проекта како дел од ИПА фондовите. Покрај овие проекти, Општина Дојран активно е вклучена и во неколку други проекти кои се реализираат зеднички со општините од соседните земји како дел од пограничната соработка.
Во периодот што следи потребно е побрз и поефикасен ангажман во искористувањето на финансиската помош затоа што остануваат уште неполни две години до завршувањето на ИПА програмата.