ДЕСТИНАЦИСКАТА МЕНАЏМЕНТ КОМПАНИЈА КАКО МОЖНОСТ ЗА ПОГОЛЕМА АФИРМАЦИЈА НА КУЛТУРНИТЕ И ГАСТРОНОМСКИ ВРЕДНОСТИ НА ДОЈРАНСКИОТ РЕГИОН
Abstract
Поимот дестинациски менаџмент е познат од пред многу години како успешна формула за развој на едно туристичко место/регион. Иако постои цела низа од дефиниции кои ги опишуваат целите и задачите на дестинацискиот менаџмент, стручните лица кои во пракса се занимаваат со него истакнуваат дека при управување со дестинацијата најважно е: препознавање на нејзините посебности кои потоа преку еден атрактивен и сеопфатен пакет на услуги и содржини ке се понудат на точно одредена целна група туристи. Како тоа да се изведе на што подобар начин, како да се осмислат добри, конкурентни програми, да се прилагоди инфраструктурата и понудата и најважно од се кој ке биде главната движечка сила при управувањто со дестинацијата – градовите, туристичките заедници или сопствениците на туристичките објекти? Начинот на одвивање на тој процес се разликува од дестинација до дестинација. Светските искуства на пример од Италија, Шкотска, Велика Британија... од дестинацискиот менаџмент се темелат на низа квалитетни идеи и програми кои би можеле да се продаваат како извозен производ, бидејки се покажале како успешни модели според кои голем број од дестинациите успеале да остварат завиден туристички развој и профит од кој корист имаат сите. Кога во туризмот имаат корист сите, тогаш сите треба и да учествуваат во неговиот развој а тоа значи дека силата е во заедништвото.
References
Corak,S.(2008).”Izazovi destinacijskog menadzmenta, Destinacijske menadzment kompanije”, UHPA, Zagreb.
Магас, D. (2008). “Destinacijski menadzment-Turisti traze dozivljaj”. UT Strucna revija za turizam (04).
Murphy,P.E.- Murphy, A.E. (2004), “Strategic management for tourism communities”, Channel VIEW Publications.
Moutinho, L. (2000) “Strategic Management in tourism”. CABI Publishing CAB International Wallingford Oxon OX10 8DE UK
Moutinho, L. (2011) “Strategic Management in tourism 2 nd Edition”. CABI Publishing CAB International Wallingford Oxon OX10 8DE UK.
Smolcic, J. (2003): “Trzisna uvjetovanost menadzmenta okolisa u turizmu”, Opatija, Fakultet za turisticki i hotelski menadzment Opatija и WIFI Osterreich.