АЛТЕРНАТИВНИ ФОРМИ НА ТУРИЗМОТ ВО ДОЈРАНСКИОТ РЕГИОН

  • Elizabeta Eftimova
  • Maja Eftimova

Abstract

Во овој труд е обработена темата за Алтернативни форми на туризмот во Дојранскиот регион.

Во првиот дел се обработени географската положба и атрактивноста на Дојранскиот регион како можност за многубројни алтернативни форми на туризам.

Потоа се дава на важност вредноста на Дојранското езеро и можностите за развој на езерски, здравствен и риболовен туризам, како и многубројните активности кои можат да се обавуваат покрај езерото. Понатаму се дава осврт на условите кои ги има Дојранскиот регион за развој на спортски и рекреативен туризам, како и кон активностите кои придонесуваат за развој на културниот туризам како алтернативна форма на туризам во овој регион.

На крај се анализираат бројните настани во регионот кои можат да придонесат за развој на манифестационен туризам, и се даваат предлог решенија за сето тоа да биде реализирано.

Published
2015-04-24