ВЛИЈАНИЕТО НА ИНТЕРНЕТОТ ВРЗ ЈАЗИЧНАТА КУЛТУРА, КОГНИТИВНИОТ И АКАДЕМСКИОТ РАЗВОЈ НА МЛАДИТЕ

  • Natalija Pop Zarieva
  • Krste Iliev

Abstract

Овој труд има за цел да ја разгледа проблематиката на влијанието
на интернетот, особено социјалните мрежи врз младите луѓе, нивниот правилен
развој и интернет опасностите кои ги демнат и ја загрозуваат нивната физичка
и психичка безбедност. Тој упатува на проблемот дека родителите не се свесни
за сите опасности кои надвиснуваат на иднината на нивните деџа или, пак, не се
моќни да сторат нешто за да ја променат таа општа состојба. Трудот се повикува
на современи научни истражувања во светот кои укажуваат на релевантноста на
проблемот, но воедно нудат решенија. Еден од основните чекори е информирање
и едукација на родителите како да обезбедат безбедна интернет околина за
нивното дете. Понатаму се разгледува влијанието на интернетот на јазикот,
како мајчиниот така и англискиот јазик како интернационален и најзастапен на
интернет; последиците од тоа влијание на когнитивниот и академскиот развој на
идните генерации кои сега растат со интернет од својата втора година.

Published
2018-12-22

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2 3 4 > >>