ДРАКУЛА НА БРАМ СТОКЕР: СУЕВЕРИЕ ИЛИ РЕЛИГИЈА?

  • Krste Iliev
  • Natalija Pop Zarieva
  • Dragan Donev

Abstract

 

 

Дракула е роман навидум поставен на идејата за религиска посветеност на
главните ликови, но овој труд е базиран на премисата дека двете спротивставени категории
религија и суеверие во делото често имаат тенденција да се слеат една со друга. Тематската
линија на делото сумирана во една реченица може да се претстави како алегорија во зборовите
на Џон Хенри Њуман „of the warfare between the city of God and the powers of darkness“.
Ликовите се молат за помош на Семоќниот во нивната битка со демонските сили, се крстат и
замавнуваат со крст. Критичкото мислење можеби има потреба од поголема афирмација на
фактот дека ова е веројатно најрелигиски обоениот популарен роман на своето време. Од друга
страна пак, делото изобилува со научни факти и модерни технолошки достигнувања, како што
се телеграфи, диктафони и Кодак камери, што дава можност да се толкува како прокламација на
религиозност среде секуларизираниот рационалистички доцен викторијански свет. Но,
религискиот дидактизам во романот не е насочен кон недоверба на секуларната наука, туку
напротив кон неговата спротивност – кон застрашувачката појава на суеверието симболично
прикажано во вид на вампирска инвазија на Англија. Овој труд тврди дека христијанската
религија во делото на Стокер е во заедничка битка со модерното време против атавистичките
предрелигиозни влијанија – суеверието.

Published
2020-01-28

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 5 > >>