ВЛИЈАНИЕТО НА КУЛТУРОЛОШКИТЕ ОСОБЕНОСТИ ВРЗ ПРОЦЕСОТ НА ПРЕВЕДУВАЊЕ
Abstract
Културолошките особености сѐ почесто се во фокусот на истражувањата поврзани
со науката за преводот. Во овој труд ќе се обидеме накратко да извршиме стручна анализа на
ставови од еминентни истражувачи од оваа област изнесени во нивни трудови на оваа тематика,
како и влијание на културолошките аспекти во процесот на преведување од еден на друг јазик и
нивното влијание во комуникацијата во меѓународниот глобализиран контекст. Притоа ќе биде
анализирана улогата што културата ја има во општествените ситуации на современиот живот.
Ќе бидат презентирани мислењата на повеќе автори, како и нивни сознанија, откритија и
предлози во однос на потребата од акцентот врз културните особени како важен аспект во
изучувањето на англискиот како странски јазик во време на глобализацијата. Ќе ја акцентираме
улогата на културолошките особености од изворниот јазик и нивното влијание врз процесот на
преведување.