МУЗЕЈ И СТРУКТУРА – ОД ЛИНЕАРЕН ДО ЦЕНТРАЛЕН ПРОСТОР

  • Ana Velinova
  • Eva Gjorgjievska

Abstract

Музејскиот простор во својата структура ги опфаќа моделите на просторна организација и
методите на изложување на музејски колекции. Колекционирањето како клучна активност,
формирањето на колекции и нивната просторна организација се во процес на постојана
трансформација. Активностите поврзани со колекционирањето и уредувањето на колекции
започнуваат со Музејот во Александрија, а преку ренесансните модели е претставена промената
во карактерот на изложување на колекциите, од приватен во јавен. Изложувањето на колекциите
за јавност е проследено и со промена во структурата на изложбениот простор. Еден пример кој
јасно го одразува тоа е палатата, а подоцна музејот Лувр. Во примерот на Лувр, формирањето на
музејски колекциии и трансформацијата започнуваат со адаптација на музејска програма во
дефинираната линеарна структура на палатата, до редефинирањето на програмската и
просторната структура на музејот Лувр.

Published
2018-12-22

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>