ТРАДИЦИОНАЛНИОТ АЗИСКИ ТЕАТАР И ДРАМАТУРГИЈАТА НА БЕРТОЛД БРЕХТ
Abstract
Наспроти строго востановените поларитети западен и
источен театар, драматургија на XX век, со Брехт како еден од позначaјните
претставници, воспоставува релации со азиското тло и ги преработува техниките
на тамошниот театар (кои се проникнати со зенистичка пракса, како резултат на
интегрирањето на елементи од сите претходни традиции), со цел да се добие нова
уметничка форма која ќе биде искористена за изнесување на сосема поинакви
идеолошки гледишта. Својствата на азискиот театар кои придонесуваат за
специфична атмосфера на проникнување во суштинските сфери на космосот и
човековата душа, се користат за да се направи спротивставување на миметичкиот
театар и со тоа да се постигне нова свесност за есенцијата на човековите односи
во модерното општество.