СИНТЕТИЗАМ И АНАЛИТИЗАМ ВО ГЕРМАНСКИОТ И ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Abstract
Во групата на флексивни јазици според типолошката класификација,
германскиот се третира како синтетички, а македонскиот, како аналитички јазик. Поле на
истражување на овој научен труд е деталната корелација синтетизам наспроти аналитизам,
поткрепени со примери од германскиот и од македонскиот јазик, земајќи го предвид
морфолошкиот критериум. Цел на истражување е да се одреди степенот на синтетизам, односно
на аналитизам, кои се присутни во овие два јазика и да се докаже дека нема чисто синтетички,
односно чисто аналитички јазици. Имено, во германскиот јазик преовладуваат синтетички
форми, иако веќе поодамна е почната тенденцијата кон аналитизам, а во македонскиот
преовладува аналитизмот, но постојат и остатоци од некогашните синтетички форми.