ЕКСПЛИЦИРАЊЕ НА ИМПЛИЦИТНИТЕ ИСКАЗИ ВО ПРЕВОДОТ ОД ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

  • Darinka Marolova
  • Nikolina Lukaroska

Abstract

Предмет на истражување на оваа научна работа е експликацијата, како преведувачка
постапка соодветна за превод на имплицитни искази. На учесниците во еднојазичната
комуникација им е сосема јасно на што се алудира со одреден имплицитен исказ. А, при
двојазична комуникација, т.е. комуникација со посредство на преведувач, реципиентот на
преводот е сместен во поинакво културно опкружување, па следствено на ова и поседува
поинакви предзнаења. Онаму каде што недостасуваат одредени информации, преведувачот
врши експлицирање на имплицитните изрази. Цел на овој труд е да се покаже кога и зошто при
преведување на имплицитните изрази понекогаш е неопходно експлицирање. Анализата се
врши врз примери извадени од германски книжевни дела, паралелно со нивните преводи на
македонски јазик.

Published
2018-12-22

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>