СИНТАКСИЧКАТА ПОВЕЌЕЗНАЧНОСТ ВО ТОЛКУВАЧКИОТ ПРОЦЕС

  • Darinka Marolova

Abstract

Предмет на истражување на овој труд е појавата на
синтаксичката повеќезначност во толкувањето, како проблематичен ентитет.
Целта на истражувањето е да се укаже на нејзината појава и на проблемите
што таа може да ги предизвика, доколку не се направи соодветна анализа на
длабинската структура на исказот. Толкувачот треба да биде свесен за нејзиното
постоење и да биде способен со помош на синтаксичката, семантичката и
прагматската анализа да го осознае вистинското значење, па аналогно на ова да
може и самиот да си креира соодветно преводно решение.

Published
2023-03-04

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>