СТРУЧНО ПРЕВЕДУВАЊЕ И ОСНОВНИ ПРИЗНАЦИ НА СТРУЧНИОТ ЈАЗИК
Abstract
Предмет на истражување на овој научен труд е стручното преведување и неговите
основни карактеристики. Како една од основните карактеристики со која се одликува стручното
преведување е стручниот јазик. Во трудов подетално се прави лингвистички осврт кон
признаците на стручниот германски и на стручниот македонски јазик со посебен акцент кон
синтетизмот и аналитизмот. Целта на трудов е да се укаже на тоа дека постојат разлики меѓу
стручниот и стандардниот јазик.