ИТАЛИЈАНСКАТА ЛАУДА ВО XIII ВЕК: „ДАМАТА ОД РАЈОТ“ ИЛИ „ПЛАЧОТ НА БОГОРОДИЦА“

  • Eva Gjorgjievska

Abstract

Трудот што следи претставува осврт на средновековната религиозна поезија на италијанскиот автор Јакопоне да Тоди, со сосредоточеност врз неговата најпозната лауда, Дамата од Рајот или Плачот на Богородица. Анализата ја потенцира специфичноста на религиозната поезија во Перуџа, каде што и покрај строгите аскетски начела на монашките редови, поезијата го обединува религиозното со длабоко хуманото, општочовечко чувствување на верата. Се следат карактеристиките на метриката, лексиката и фигуративниот говор на лаудата.

Published
2018-12-22

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>