ARS COMBINATORIA КАКО ПОСТСТРУКТУРАЛИСТИЧКА ПОСТАПКА ВО РОМАНОТ „ЗАМОКОТ НА ВКРСТЕНИТЕ СУДБИНИ“ ОД ИТАЛО КАЛВИНО
Abstract
Трудот ја предочува специфичноста на структура во делото
„Замокот на вкрстените судбини“ од италијанскиот автор Итало Калвино која прави
алузија на математичката „игра“ ars combinatoria креирана уште во средниот век од
страна на шпанскиот теолог, филозоф и математичар Рамон Лул. Се разгледуваат
повеќе аспекти кои ја презентираат постструктуралистичката постапка во делото,
односно ги реализираат принципите на постмодернистичката поетика, како на
пример, интертекстуалноста и метанаративноста на делото, неговата приклонетост
кон принципот на играта, варијабилноста на наративниот заклучок и преминот од
структурализам во постструктуралистички третман на литературниот текст.