МОЌТА НА ОЧИТЕ ВО ДРАКУЛА НА БРАМ СТОКЕР

  • Natalija Pop Zarieva
  • Dragan Donev
  • Krste Iliev
  • Kristina Kostova
  • Marija Krsteva

Abstract

Вампирите од народните легенди и нивните претставници во литературата
немаат многу заеднички карактеристики, но еден аспект од митологијата којшто бил засилен во
англиската литература на дваесеттиот век е улогата на очите на вампирот. Вампирскиот поглед
кој ја намамува жртвата во легендите, прераснува во чест мотив во литературата каде очите на
вампирот го обземаат ликот, преземаат целосна контрола над него, и го намамуваат кон негово
сопствено уништување. Дракула на Брам Стокер се базира на оваа карактеристика во
претставувањето на очите на ликовите и воедно го вклучува и народното верување во „зло око“
со цел да ја претстави борбата на доброто против злото. Уникатниот начин да се наслика
сатанската сила во очите на вампирот кај Стокер е надополнета со сексуална конотација на
зажарените очи на вампирите, кои сјаат од жед за згаснување на сексуална желба која воедно
значи и згаснување на жед за крв, односно храна. Овој труд има за цел да ги претстави и
анализира различните претставувања на очите во Дракула, и да даде објаснување за нивната
импликација во вампирскиот мотив и темата на делото.

Published
2020-12-26

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2 3 4 5 > >>