КУЛТУРОЛОШКИ ИМПЛИКАЦИИ ВО ИЗУЧУВАЊЕТО НА ДЕЛОВЕН АНГЛИСКИ КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИК И НЕГОВАТА УПОТРЕБА КАКО ЛИНГВА ФРАНКА

  • Dragan Donev
  • Krste Iliev
  • Natalija Pop Zarieva

Abstract

Културолошките аспекти сѐ почесто се во фокусот на истражувањата поврзани со наставата по англиски како странски јазик. Во овој труд ќе се обидеме на кратко да дадеме преглед на ставовите од еминентни истражувачи од оваа област изнесени во нивни трудови на оваа тематика, како и влијанието на културолошките аспекти во изучувањето на англискиот како странски јазик и нивното влијание во комуникацијата во меѓународниот глобализиран контекст. Притоа ќе биде анализирана улогата што културата ја има во општествените ситуации на современиот живот. Ќе бидат презентирани мислењата на повеќе автори, како и нивни сознанија, откритија и предлози во однос на потребата од акцентот врз културните особени како важен аспект во изучувањето на англискиот како странски јазик во време на глобализацијата. Ќе се фокусираме на употребата на англискиот како лингва франка во меѓукултурни контакти.

Published
2018-12-22

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 5 > >>