ТРИТЕ ФАЗИ НА ЈАЗИЧНИОТ ИЗРАЗ
Abstract
Целта на секоја модерна настава по странски јазик е стекнување
јазични компетенции, односно оспособување на учениците за правилна употребна на
јазикот во една комуникативна секојдневна ситуација. Но, што всушност се случува
при зборувањето? Искуството покажува дека и покрај осумгодишното задолжително
учење на германскиот јазик во основните и средните училишта сепак учениците не
се чувствуваат подготвени да учествуваат во една комуникативна ситуација. Дали тоа
се должи на тоа што премногу се размислува за она што треба да се сподели? Како
истото да се формулира на странскиот јазик? Дали усвоената лексиката е доволна
правилно да се сподели мислата? Дали потешкотиите се јавуваат при конципирање на
реченицата? Дали соговорникот акустички добро ќе ја разбере пораката? Ова се само
дел од прашањата кои се предмет на истражување во овој труд. Се анализираат трите
фази низ кои се формира јазичниот израз и се детектираат проблемите кои се јавуваат
во секоја фаза, со цел успешно надминување на истите и непречена комуникација на
странскиот јазик.