ЗАСТАПЕНОСТА НА ХЕЛВЕТИЗМИТЕ И ШВАЈЦАРСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА ВО УЧЕБНИЦИТЕ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИК – SCHRITTE INTERNATIONAL
Abstract
Изучувањето на странски јазик кој не се користи како лингва франкa
ќе треба да му помогне на ученикот да ја разбере туѓата култура со која се среќава во
наставата. Освен со странскиот јазик, изучувачите задолжително треба да се запознаат
и со културата и цивилизацијата на земјата чиј јазик се изучува, но и со културата и
цивилизацијата на сите земји каде овој јазик се употребува како службен јазик. Во
овој труд се анализира еден од учебниците кои се користат за изучување на германски
како странски јазик Schritte International. Имено, целта на овој труд е попрецизно да
се одреди застапеноста на хелветизмите, како варијации на германскиот јазик кои се
употребуваат во Швајцарија и нивните еквиваленти во Германија, како и швајцарската
култура, нејзината традицијата и начинот на кој тие се претставени во учебниците
Schritte International.