Комуникацијата, ученик - литературно дело - наставник, основа на современите пристапи во наставата по литература

  • Violeta Dimova
  • Jovanka Denkova

Abstract

Воспитно-образовниот курикулум, сфатен во најширока смисла, претставува дел од тркалото на животот на човекот, или на т.н. curriculum vitae. Особено денес, кога сме сведоци и актери на општата глобализација на светот, каде што на некој начин се бришат границите и разликите, кога се „обезличува“ сѐ повеќе она што некогаш беше нарекувано индивидуално културно наследство и засебен белег на културата на еден народ и станува заедничка црта на човештвото, неопходно е да се бараат нови наставни содржини кои треба да ја изградат сликата, поточно да ја одразат, да ја „пресликаат“ реалната состојба во којашто денес живееме,за да го „задржиме“ нашиот ученик во школските клупи.

References

Борев, Ј. (2008) Естетика. Скопје: Македонска реч.

Бредбери, Т., Гревс, Џ. (2007) Емоционална интелигенција. Скопје:Култура.

Димова, В. (2007) Литературното дело и рецепиентот. Скопје: Македонска реч.

Kon, Ž. (2001) Estetika komunikacije. Beograd: Clio.

Published
2013-04-12