Воспитната димензија на воспитно-образовните институции
Abstract
Современото општество бара активно ангажирање на учителите, наставниците и професорите во современото образование од аспект и на воспитната димензија, бидејќи нема секое семејство можност и капацитет ова да го изведе на саканото ниво, а понекогаш не е ни свесно дека пренесува предрасуди на своите деца. Современото образование на децата треба да им понуди нови аспекти и ситуации преку кои децата ќе имаат можност да ги надминат предрасудите за да не им станат бариера во животот. Посебно современото образование бара мобилност на наставникот во поглед на мултикултурализмот што во Македонија треба да прерасне во стил и начин на живот за на хуман начин да се подобри квалитетот на живеењето. Сето ова во својот реферат ќе го поткрепам со еден културен настан што се одржа во мај 2011 год. меѓу учениците од основното училиште „Тефејуз“ и „Коле Неделковски“ во рамките на проектот „Меѓуетничка толеранција, соработка и соживот“.Downloads
Published
2013-04-18
Issue
Section
Articles
