Статусот на лексемите со турски суфикси во македонскиот јазик денес
Abstract
Лексичките заемки со турски суфикси квантитативно и квалитативно го имаат збогатено македонскиот јазик и голем дел од нив се употребуваат и денес во разновидни сфери. Процесот на восприемање и примена на лексичките заемки со турски суфикси се случуваше во долг временски период. Овој реферат ги опфаќа лексичките заемки со турски суфикси во поглед на временската оска, лексички заемки со турски суфикси во нестандардната лексика и лексички заемки со турски суфикси во поглед на функционалните стилови.