ПОЕТСКИТЕ КНИГИ НА ФЕРИД МУХИЌ

  • Marija Leontik

Abstract

Ферид Мухиќ, филозоф и писател, е роден на 8 јуни 1943 година во
село Махоје, Босна. Заврши средно образование во Скопје. Дипломира филозофија на
Филозофскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во 1966 година. Првата
магистратура под наслов „Социолошки аспекти на општествените револуции“ ја брани
на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитет „Св.
Кирил и Методиј“ во 1970 година. Втората магистратура под наслов „Проблемот на
книжевна мотивација во делото на Жерар Женет“ ја брани на Универзитетот во Белград
во 1972 година. На истиот универзитет во 1980 година ја брани докторската дисертација
под наслов „Негативна утопија на 20-тиот век“.
Во 1970 година станува асистент на Институтот за социолошки истражувања
во Скопје. Во 1974 година е асистент на Катедрата за филозофија при Универзитетот
„Св. Кирил и Методиј“. Тој е професор по филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и
Методиј“ сѐ до неговото пензионирање во 2008 година.
Ферид Мухиќ е автор на четири поетски книги.

Published
2023-12-07

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 > >>