ТУРСКИТЕ СУФИКСИ ВО РАМКИТЕ НА ПОЛИМОРФЕМНИТЕ СУФИКСИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Abstract
Македонскиот и турскиот народ живееле заедно пет века и
влијанието на турскиот јазик врз македонскиот јазик е големо. Турскиот јазик
влијаел врз морфологијата на македонскиот јазик. Влијанието на турскиот јазик
врз морфолошкиот систем на македонскиот јазик се гледа особено во внесување
на нови суфикси како што се: -џи/-чи, -ли и -лак. Со текот на времето овие
турски суфикси се споиле со други суфикси во македонскиот јазик и ги создале
полиморфемните суфикси.
Во овој труд ќе се анализираат полиморфемните суфикси со турски
суфикси во македонскиот јазик.