ПОТЕКЛО, АДАПТАЦИЈА И СЕМАНТИКА НА ТУРСКИОТ СУФИКС -лак /-lIk/ (-lık, -lik, -luk, -lük) ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

  • Marija Leontik

Abstract

Македонскиот и турскиот народ живееле заедно пет века и влијанието на турскиот јазик врз македонскиот јазик е големо.  Турскиот јазик влијаел врз морфологијата на македонскиот јазик. Влијанието на турскиот јазик врз морфолошкиот систем на македонскиот јазик се гледа особено во внесување на нови суфикси, како што е -лак /-lİk/ (-lık, -lik, -luk, -lük). Овој суфикс има зборообразувачка фукција. Пр. јорганлак, комшилак, занаетлак, бозаџилак, аџамилак, инаетлак, калабалак и сл. Турскиот суфикс -lık, -lik, -luk, -lük (-лак) успеа да се оддели од лексичката заемка, да стане самостоен и да добие зборообразувачка функција во македонскиот јазик. Пр. асистентлак, ректорлак, домаќинлак, мајсторлак, мудроштилак, трговилак, човештилак и др. Во овој труд ќе се анализира семантиката на турскиот суфикс -лак (-lık, -lik, -luk, -lük) во турскиот и во македонскиот јазик.

Kлучни зборови: македонски јазик, турски јазик, турски суфикс -лак (-lık, -lik, -luk,     -lük,), семантика на -лак (-lık, -lik, -luk, -lük)

Published
2018-12-19

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>