Компоненти на изразното читање
Abstract
Читањето претставува вештина која е неопходна за опстанокот на човекот во современиот свет. Таа вештина не е последица на биолошкиот, туку на културниот развој на човекот. Токму од тие причини, совладувањето на читањето е најважната задача на учениците во школувањето, чие совладување им отвора патишта за понатамошните различни учења. Главни задачи на наставата по читање во одделенската настава се: совладување на техниката на читање, правилно и течно читање, совладување на техниката на гласното и тихото читање, воведување на учениците во изразното читање, совладување на техниката на разновидните форми на читање, постигање на одредена брзина на читањето и разбирање на прочитаното.References
Лекиќ Ѓ, Методика разредне наставе,Нова просвета, Београд,1991
Милариќ В, Интерпретација уметничке песме, Свјетлост, Сарајево,1975
Росандиќ Д, Методика книжевног одгоја и образовања, Школска книга, Загреб,1986
Сталев Г, Македонскиот верс, Македонска книга, Скопје, 1971
Шабиќ Г, Лирска поезија у разредној настави, Школска книга, Загреб